Во попладневните часови има мали услови за сосема ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи (ништо сериозно).
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и од севроисточен правец.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 22 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 37 степени.
Ув индексот викендов ќе има многу висока вредност и ќе изнесува вредност 9.
извор:vecer.press
