На месечно ниво, односно во споредба со јули, трошоците на животот се зголемиле за 0,4 отсто.
Најголемо зголемување во август е забележано кај рекреацијата, спортот и културата – 3,1 отсто, додека рестораните и услугите за сместување поскапеле за 2,5 отсто.
Пораст на цените има и кај храната и безалкохолните пијалаци од 0,5 отсто, покуќнината и опремата за домаќинствата за 0,4 отсто, како и домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива за 0,2 отсто.
Од друга страна, намалување е регистрирано кај транспортот за 0,8 отсто, како и кај облеката и обувките за 0,3 отсто.
Индексот на цените на мало во август, во однос на август 2025 година, бележи раст од 2,3 отсто.
