Збогум, таксисти? Јапонија до 2027 година воведува такси без возач
Актуелно

Збогум, таксисти? Јапонија до 2027 година воведува такси без возач

9/15/2026

Јапонија се подготвува за нова ера во такси-превозот. До 2027 година во Токио би можеле да започнат сообраќај околу 100 целосно автономни такси-возила, без човек зад воланот.

Проектот го подготвуваат три компании, меѓу кои е и Waymo, компанија за автономно возење во сопственост на Alphabet, матичната компанија на Google. Возилата ќе користат комбинација од вештачка интелигенција, камери и радари за самостојно движење низ градот.

Такси-возилата ќе работат на Ниво 4 на автономно возење, што значи дека во одредени услови можат целосно да го преземат управувањето без потреба од човечки возач.

Досега ваквата технологија во Јапонија е одобрена за автобуси што се движат по однапред утврдени рути, но планираната услуга би била прва примена на Ниво 4 во такси-превозот.

Возилата ќе ги обезбедува Nihon Kotsu, а корисниците ќе можат да ги нарачуваат преку апликациите GO и Waymo. Во случај на сообраќајна незгода, одговорноста ќе ја има компанијата што управува со возилото.

Тестирањата веќе траат во седум окрузи во Токио, каде компаниите собираат податоци за безбедноста, сообраќајот и условите на патиштата.

Една од главните причини за воведувањето на автономните такси е недостигот на возачи, особено во области со сè постаро население. Јапонската влада има уште поголема амбиција – до 2030 година да има 10.000 возила со автономно возење во употреба низ земјата.