Од компанијата велат дека овој јубилеј е резултат на повеќе од 20 години раст, иновации и партнерства, како и доказ дека стратегијата за развој функционира побрзо од очекуваното.
Генералниот директор Јожеф Варади изјави дека „250 не е само број, туку симбол на амбицијата“ на Wizz Air, која планира уште поинтензивно ширење и повеќе нискотарифни летови за патниците во Европа и пошироко.
Од Airbus, долгорочниот технолошки партнер на компанијата, го нарекоа јубилејот „силна потврда на две децении успешно партнерство“, потсетувајќи дека Wizz Air има нарачано повеќе од 260 авиони од фамилијата A320.
Авиокомпанијата воедно започна и промотивна кампања со 30% попуст на избрани летови до 26 март 2026 година.
Со млада и енергетски ефикасна флота, Wizz Air најавува дека ќе продолжи да се шири на пазарите каде што побарувачката е најголема и ќе вложува во подобро искуство за патниците.
