Подгответе се за поскапо овошје, зеленчук, јагнешко и јајца за Велигден
Актуелно

Подгответе се за поскапо овошје, зеленчук, јагнешко и јајца за Велигден

3/19/2026

Повисоките цени на горивата веќе ги „шокираа“ граѓаните со повисоките цени на дел од прехранбените намирници. Купувачите своедочат за повисоки цени на јајцата, маслото за јадење, лебот во дел од маркетите и продавниците.

Она што загрижува е најавата и за поскапување на овошјето и зеленчукот и јагнешкото месо во пресрет на големиот христијански празник Велигден, кога традиционално, се слави со полна трпеза. 

Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат. 

Министерот од ресорното министерство Цветан Трипуновски вели дека состојбата се следи секојдневно и ако има потреба, ќе интервенираат со соодветни чекори.

– Она што е важно во делот на цената на ѓубривата и на нафтените деривати, е дека како Министерство ги следиме состојбите секојдневно. Ќе видиме во каков правец ќе се движат. Доколку има потреба, нормално како Министерството ќе излеземе со конкретни мерки и предлози за санација на таквата состојба, рече Трипуновски. 

Неофицијално се шпекулира дека за Велигден нема да има овошје и зеленчук поевтино од 100 денари по килограм. 

Јајцата изминатиот период поскапеле за 5 до 10 отсто, маслото до 5 проценти. Ова е констатирано во контролите кои изминативе седум дена ги направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). 

Граѓаните реагираат дека маркетите брзаат да ги покачат цените уште пред официјалниот раст на цената на суровините на светските берзи, со оглед дека на рафтовите и во магацините имаат производи кои се набавени по страните пониски цени. 

Извор: skopjeinfo.mk