Инвестираме таму каде што започнуваат резултатите – во нашите луѓе
Успешни бизнис приказни

Инвестираме таму каде што започнуваат резултатите – во нашите луѓе

3/19/2026

Во секој успешен тим, зад резултатите стојат луѓе кои знаат како да водат, да организираат, да утврдуваат приоритети и да носат одлуки во вистински момент. Во Mozzart Bet Македонија, веруваме дека лидерството не доаѓа само со позиција – туку се гради, секојдневно.

Токму затоа, овој месец посветивме дополнително внимание на развојот на нашите менаџери на подрегион и асистентите. Преку екстерна обука во два термина, работевме на реални ситуации: како подобро да се организира времето, како да се постават вистинските приоритети и како да се води тим со јасна насока и сигурност.

Оваа обука не беше теорија напишана на лист хартија, туку тимска, динамична, практична, интерактивна, со примери од секојдневието на нашите колеги.

И од оваа обука извлековме доста важни заклучоци:

• силно искуство и посветеност

• желба за учење и напредок

• и реална потреба за уште поголема структура во приоритизација и делегирање

Но токму тоа е суштината на развојот – да знаеме каде сме силни, а каде имаме простор да станеме уште подобри.

За нас, инвестирањето во луѓето не е формалност – туку начин како градиме стабилни тимови, подобри резултати и одржлив раст.

Затоа, продолжуваме да градиме средина во која секој вработен има можност да расте, да се развива и да го достигне својот целосен потенцијал.