Грозјето се продава по 8 денари за килограм: Лозарите велат дека ова може да им биде последната берба
Актуелно

Грозјето се продава по 8 денари за килограм: Лозарите велат дека ова може да им биде последната берба

9/15/2026

Македонските лозари годинава спасот го бараат на социјалните мрежи. Наместо сигурен откуп, тие објавуваат огласи и директно бараат купувачи за грозјето, кое според нив се нуди по цени далеку под очекуваните.

Еден од огласите што привлече внимание е за 30 тони вранец по само 8 денари за килограм, при што купувачот треба сам да ја изврши бербата.

Лозарите велат дека со вакви цени тешко ги покриваат трошоците за целогодишната работа, обработката, препаратите и бербата. Дел од нив отворено велат дека веќе размислуваат да ги напуштат лозјата.

Дополнителен проблем е и пласманот. Според производителите, околу 90 отсто од грозјето сè уште не е обрано, а винарниците не го преземаат родот во очекуваниот обем. Дел од лозарите размислуваат грозјето да го преработат во ракија, само за да не им пропадне.

Производителите бараат итен откуп, дополнителна субвенција и конкретни мерки од институциите, со предупредување дека без решение за пласманот, иднината на лозарството е сериозно загрозена.

За дел од нив, ова веќе не е само лоша сезона, туку момент во кој треба да одлучат дали воопшто ќе продолжат да се занимаваат со лозарство.