„Ер Србија“ ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје: Од 25 октомври два лета дневно
Актуелно

„Ер Србија“ ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје: Од 25 октомври два лета дневно

9/9/2026

„Ер Србија“ од претстојната зимска сезона ќе го зголеми бројот на летови меѓу Белград и Скопје, па од 25 октомври на оваа релација ќе има 14 летови неделно, односно два лета дневно.

Според специјализираниот воздухопловен портал „Екс Ју авијација“, авиокомпанијата го ревидирала распоредот за зимската сезона 2026/2027. Наместо првично планираните 11, ќе има 14 неделни ротации меѓу двата главни града.

Тоа е зголемување и во однос на зимската сезона 2025/2026, кога „Ер Србија“ реализирала 10 летови неделно на оваа линија.

Со новиот распоред, од крајот на октомври патниците ќе имаат почести можности за патување меѓу Скопје и Белград, како и подобра поврзаност преку белградскиот аеродром.

Сите планирани летови на оваа релација ќе се реализираат со ATR 72-600, турбопропелерски авион на „Ер Србија“.