Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поевтин, бензинот над 100 денари!
Актуелно

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поевтин, бензинот над 100 денари!

9/14/2026

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти.

Бензините поскапуваат за 3,50 денари за литар, па ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 100,50 денари, а БС-98 по 102,50 денари за литар.

За разлика од бензините, дизелот поевтинува за два денари и од полноќ ќе чини 99 денари за литар. Пониската цена е овозможена со привременото намалување на ДДВ-то за ЕУРОДИЗЕЛ од 18 на 10 проценти, како и со продолжувањето на намалената акциза од четири денари за литар.

Без овие даночни олеснувања, дизелот би поскапел поради растот на цените на светските берзи. Референтните берзански цени во пресметковниот период се зголемиле за 6,25 проценти кај бензините и 6,67 проценти кај дизелот.

Поскапување има и кај екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за 4,50 денари и ќе изнесува 109,50 денари за литар. Мазутот поскапува за 2,242 денари, па новата цена ќе биде 48,243 денари за килограм.

И покрај благо понискиот курс на денарот во однос на доларот, тој не успеал да го ублажи растот на берзанските цени на рафинираните горива.