Овие европски населби не се во туристичките водичи, а освојуваат на прв поглед
Актуелно

Овие европски населби не се во туристичките водичи, а освојуваат на прв поглед

6/5/2026

Европските престолнини и големи градови кријат многу повеќе од најпознатите знаменитости. Далеку од гужвите и туристичките рути се наоѓаат населби кои освојуваат со својата автентична атмосфера, локални барови, зелени површини и интересна историја.

Како што пишува Guardian, токму ваквите делови од градовите се меѓу најинтересните места за запознавање на локалниот начин на живот.

Од Берлин до Љубљана: Населби со посебен карактер

Меѓу препораките се најде Мајбахуфер во берлинската населба Нојкелн, познат по мултикултурниот пазар, каналите и опуштената атмосфера, како и Горбалс во Глазгов, населба со богата историја, мурали и скриени градски катчиња.

На листата се наоѓа и Метелкова во Љубљана, поранешна воена касарна претворена во центар на алтернативната култура, уметноста и ноќниот живот, додека загрепскиот Тушканац привлекува посетители со своето зеленило, старите вили и мирната атмосфера во непосредна близина на центарот на градот.

berlin

Морски воздух, архитектура и локален живот

Меѓу помалку познатите европски локации се издвојува и Фоз до Дуро во Порто, каде што урбаната атмосфера се спојува со атлантскиот брег, како и римската населба Копеде, позната по својата необична архитектура и мирни улици надвор од главните туристички текови.

На листата се најдоа и Харлем, во близина на Амстердам, со историски улици и ветерници, како и бриселскиот Иксел, населба позната по мултикултурната атмосфера, кафулињата и чувството на заедништво.

Стокхолм и Келн меѓу фаворитите

Guardian ја издвојува и Белгиска населба во Келн, позната по парковите, уметничките продавници и живописната угостителска сцена, додека меѓу најинтересните предлози е и Биркастан.

Овој мирен дел од Стокхолм освојува со калдрмисаните улици, локалните кафулиња и опуштениот начин на живот, нудејќи сосема поинакво доживување на градот од она што туристите најчесто го запознаваат во центарот.

Наместо познатите атракции, заедничко за сите овие населби е автентичноста – места каде што најдобро може да се почувствува секојдневниот живот на градовите и атмосферата што тешко може да се најде во туристичките водичи.