БАРАШ РАБОТА ВО БАНКА? – пронајди ја твојата нова кариера во финансискиот сектор!
Актуелно

БАРАШ РАБОТА ВО БАНКА? – пронајди ја твојата нова кариера во финансискиот сектор!

10/20/2025

Доколку си подготвен за следниот чекор во твојата професионална кариера и сакаш стабилност, можности за напредување и работа во динамично опкружување – ова е вистинската прилика за тебе.

На Регионалниот саем за вработување учествуваат водечки банки од Македонија, кои во моментов бараат нови членови на својот тим. Без разлика дали имаш искуство во банкарството или штотуку започнуваш со својата кариера, тука ќе најдеш работни позиции кои одговараат на твоето образование, интереси и амбиции.

Погледни кои банки вработуваат и аплицирај онлајн – брзо, лесно и без трошоци!

1. Шпаркасе Банка АД Скопје

Како вистински експерт во областа на финансиите Шпаркасе Банка АД Скопје овозможува широка понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој, финансирање на физички и правни лица. Клиентски ориентирана, Банката е присутна на македонскиот финансиски пазар со 20-годишна традиција и искуство во банкарскиот сектор. 

2. Стопанска Банка АД Скопје

Стопанска Банка АД – Скопје е најстарата и една од најреномираните банки во Македонија, со богата историја која започнува уште во 1944 година. Со децении успешно работење, Банката ги постави темелите на современото банкарство и денес претставува водечки финансиски субјект со значаен удел на домашниот пазар.

3. НЛБ Банка Скопје 

НЛБ Банка Скопје е трета по големина банкарска институција во Македонија, длабоко интегрирана во локалната економија и активен учесник во поддршката на реалниот и граѓанскиот сектор. Основана во 1985 година, во 1993 година почнува да функционира како комерцијална банка, а во 2000 година станува членка НЛБ Групацијата. НЛБ Групацијата не е само финансиска институција, а за неа, овој регион не е само точка на мапата, туку дом полн со можности.

4. ПроКредит Банка

Историјата на ПроКредит Групацијата е богата и го претставува фундаментот на она што е денес. Првите ПроКредит банки беа основани пред повеќе од една декада, со цел значително да влијаат врз развојот, преку обезбедување заеми за потпомагање на растот на малите бизниси и нудење депозити што ќе ги поттикнат на штедење физичките лица и семејствата со пониски приходи. Групацијата доживеа силен раст во текот на изминатите години и затоа денес е еден од водечките провајдери на банкарски услуги за малите бизнис-клиенти во поголемиот дел од земјите во коишто работат.