Социјалните мрежи под удар: Австралија сака да им даде на корисниците „копче“ за исклучување на алгоритмите
Актуелно

Социјалните мрежи под удар: Австралија сака да им даде на корисниците „копче“ за исклучување на алгоритмите

9/7/2026

Австралиската влада планира да ги обврзе социјалните мрежи да им овозможат на корисниците да ги исклучат алгоритмите за персонализирање на содржината

Министерката за комуникации Аника Велс најави дека законот со нови „дигитални прописи за грижа“ треба да биде поднесен во Парламентот оваа недела. Со него, платформите би морале да им дадат избор на корисниците дали сакаат да добиваат персонализирани препораки или содржината да не биде прилагодена според нивните интереси.

„Технологијата треба да им даде избор на корисниците“, порача Велс, додавајќи дека дел од Австралијците ги ценат алгоритмите поради нивната корисност и забавниот карактер.

Австралија веќе презеде строги мерки кон социјалните мрежи. Во декември беше воведена забрана за пристап до повеќе платформи за лица помлади од 16 години, со цел заштита од онлајн вознемирување и злоупотреба.

Сепак, неодамнешни податоци од апликација за родителска контрола покажаа дека користењето на социјалните мрежи кај лицата под 16 години се зголемило и покрај забраната.