Но, кое гориво најмногу се користи во Македонија?
Според годишниот извештај за 2025 година, дизелот убедливо доминира во продажбата на нафтени деривати со 74,16 проценти.
На второ место се безоловните бензини со 11,74 проценти, потоа мазутот со 6,61 проценти и течниот нафтен гас со 5,22 проценти.
Останатиот дел го сочинуваат екстра лесното масло, биогоривото и млазното гориво.
Со други зборови, во Македонија се троши повеќе од шестпати повеќе дизел отколку бензин.
