Пет активни пожари во Македонија, 32 се изгаснати
Актуелно

Пет активни пожари во Македонија, 32 се изгаснати

9/7/2026

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 42 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. До 7:30 часот утрово, пет пожари се активни, пет се под контрола, а 32 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите кај Грачани и Никиштани во Ѓорче Петров, каде што огнот се шири и кон Косово, кај Брест во Чучер-Сандево, меѓу Буринец, Локов и Селце во Струшко, кај Белица во Македонски Брод и кај Милетино во Брвеница.

Под контрола се ставени пожарите во Кичевско, Сарај, Делчево и Старо Нагоричане.

Во текот на вчерашниот ден, пожарникарите целосно изгаснале 32 пожари на повеќе локации низ земјата.