Со новите измени, угостителските објекти ќе треба јасно да ги одвојат зоните за пушачи и непушачи. Во одредени случаи, ќе биде потребен и посебен влез за делот каде што не се пуши, со цел да се избегне изложеност на чад.
Како дел од измените, терасите ќе може да се користат како простор за пушење доколку имаат најмалку две отворени страни, што овозможува доволна циркулација на воздух.
Според надлежните, предложените решенија се резултат на дополнителни анализи и консултации со засегнатите страни. Очекувањата се дека со нивната примена ќе се подобри заштитата на непушачите и постепено ќе се намали употребата на тутун.
