Температурен шок: од 25 степени до дожд и снег за два дена
Актуелно

Температурен шок: од 25 степени до дожд и снег за два дена

28. 04. 2026.

Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните југозападни делови ќе има услови за слаб дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер, претежно од север.

Утрешниот ден ќе донесе слични временски услови – сончево со мала до умерена облачност, но попладне се очекува повремен локален дожд и можност за изолирани грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од јужен правец. Во главниот град, времето ќе остане стабилно со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер.

Веќе задутре се очекува значителна промена на времето. Ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. На планините, поради продор на постуден воздух од север, врнежите може да преминат во снег. Температурите ќе се движат од 5 до 11 степени наутро, додека дневните ќе достигнат меѓу 11 и 18 степени. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер.

Во деновите што следуваат, времето ќе остане променливо и посвежо, со сончеви периоди. Утринските температури ќе се спуштат до 0 степени, а дневните ќе се движат од 12 до 19 степени, проследени со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Извор:skopjeinfo.mk