Овој инфраструктурен проект претставува дел од поширокиот план за поврзување на западниот регион на земјата со централниот и источниот дел. Автопатот е важен за унапредување на транспортната поврзаност меѓу Кичево, Охрид и Струга со Скопје, Тетово и Гостивар, како и за подобрување на врските со Албанија.
Според надлежните институции, автопатот треба целосно да биде завршен во текот на следната година.
Дополнително, се очекува новата делница да придонесе за побрз и побезбеден транспорт, подобри услови за движење на патници и стока, како и поттик за развојот на туризмот и локалната економија во регионот на Охрид и Кичево.
