Физичката активност го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, некои видови рак, депресија и анксиозност, а позитивно влијае и врз сонот и менталното здравје.
Една студија покажала дека луѓето кои возат велосипед околу 100 минути неделно имаат околу 10% помал ризик од смрт. Друга студија во Холандија покажала дека кај велосипедистите отсуствата од работа биле намалени за 15%, додека истражување во Финска покажало намалување на отсуствата за 8 до 12% кај оние кои возеле најмалку 60 километри неделно.
Дополнително, според една студија, ако 25% од патувањата со автомобил пократки од пет километри се заменат со велосипед, би можеле да се избегнат околу 2.000 смртни случаи годишно.
Истражувачите посочуваат дека поголемото користење велосипед може да донесе придобивки и за економијата, бидејќи помалку боледувања значат помали трошоци и помалку изгубени работни денови.
