Грижата за вработените како приоритет: Примерот на Мотоцентар
Успешни бизнис приказни

Грижата за вработените како приоритет: Примерот на Мотоцентар

19. 06. 2025.

Во компанијата Мотоцентар, грижата за вработените е дел од корпоративната култура, а создавањето позитивна работна атмосфера и можности за личен и професионален развој се приоритет. Пример за ова е последниот тим билдинг настан кој се одржа на почетокот на јуни во Маврово, каде 35 вработени имаа можност да поминат викенд исполнет со дружење, соработка и забава.

Преку низа внимателно организирани активности, вработените работеа на унапредување на комуникацијата, тимската работа и меѓусебната поврзаност. Целиот настан беше проследен со позитивна енергија – колегите беа мотивирани, расположени и подготвени за тимски предизвици. Атмосферата беше поттикната со различни игри и активности, а вечерната караоке забава беше вистински хит. Настанот заврши со заеднички ручек во еден од локалните ресторани, каде учесниците уживаа во вкусната храна и природната убавина на Маврово.

Покрај ваквите настани, Мотоцентар постојано инвестира во креирање на стимулативна и поддржувачка работна средина. Некои од бенефитите што компанијата им ги нуди на своите вработени вклучуваат:

• Симболичен подарок за роденден – секој вработен добива подарок по повод својот роденден, а досега се прославени над 100 родендени во текот на годината;

• Бонус за препорачај пријател, со што се поттикнува вработување преку препораки;

• Бонус за добредојде – вклучително и за позиции како вулканизер, со или без работно искуство;

• Месечни бонуси на база на остварени резултати;

• Можности за кариерен напредок – со реални примери каде вработените напредуваат од една на друга, повисока позиција;

• Попусти на производи и услуги што ги нуди самата компанија;

• Различни типови на обуки, со цел континуирано усовршување;

• Разновидни engagement активности, кои го збогатуваат секојдневието на вработените.

Мотоцентар ја гради својата организациска култура врз темелите на тимска работа, взаемна почит и развој. Овие вредности не само што се дел од интерните процеси, туку се и причина зошто компанијата претставува атрактивно место за работа и раст.