Целта на патувањето беше да се соберат донации од 200.000 евра за Институтот за неонатологија во Белград. Во Пекинг пристигнаа во 14 часот.
Пристигнавме до целта, односно во Пекинг во 14 часот како што ветивме“, стои во објавата на профилот на „Инстаграм“ „За нашите херои“.
Тие се заблагодарија на српската амбасада во Пекинг, која го следеше целото нивно патување и даде поддршка. На пат кон Кина, тие поминале низ осум земји, биле на Бајкалското Езеро, па дури и на Кинескиот ѕид.
