- Учениците беа информирани. Државниот испитен центар има изготвено водич за матурантите и тоа одделно водич за матурантите, одделно водич за државна матура, за државна стручна и државна уметничка. Во рамките на водичот дадени се сите оние работи кои што ние ги имаме ставено во концепцијата. Но скратени, бидејќи знаете, 40-50 страници немаме трпение многу да ги читаме. Така што тука ученикот конкретно тоа што го интересира, сите оние прашања на кој што нема одговор, може да ги најде во водичот, изјави Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на ДИЦ.
Според новите правила, учениците од гимназиско образование ќе мора задолжително да полагаат државна матура, додека средношколците од стручните училишта имаат право на избор.
- Се е право на избор. Државна стручна ќе одбере оној ученик кој сака да го продолжи своето образование во насока на тоа што исучувал во средно. Во таа насока, во соработка со МОН и универзитетите се изготвија листи за учлиштата каде ќе имаат прооднос со државна стручна матура или пак државна уметничка матура. Учениците кои ќе изберат државна матура ќе имаат прооднос на сите високообразовни институции - додаде Јовчевска Михајловска.
Со новиот модел учениците од стручните и уметничките училишта ќе можат да полагаат согласно нивните стручни знаења и компетенции.
