-Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава, рече министерот за економија Дурмиши.
Но, дали реално може едно четиричлено семејство да преживее со две минимални плати.
Минималната синдикална кошничка изнесува 67 382 денари, покажуваат пресметките на експертите. Ова покажува дека едно семејство со две минимални плати, тешко може да го истурка месецот.
Граѓаните се жалат на скапотијата и велат дека едвај врзуваат крај со крај.
Синдикатот беше незадоволен и најави нови протести во средината на март.
