Казни до 2.000 евра: Од 1 јули без дозвола нема движење низ шумите
Актуелно

Казни до 2.000 евра: Од 1 јули без дозвола нема движење низ шумите

28. 06. 2026.

Забраната ќе важи 24 часа дневно, а движењето низ шумите ќе биде дозволено само со писмено одобрение издадено од надлежната подружница на ЈП „Национални шуми“.

Од 1 јули до 31 август ќе важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои управува ЈП „Национални шуми“, како мерка за спречување на шумски пожари во текот на летната сезона.

Забраната ќе важи 24 часа дневно, а движењето низ шумите ќе биде дозволено само со писмено одобрение издадено од надлежната подружница на ЈП „Национални шуми“.

За граѓаните кои ќе ја прекршат забраната, Законот за шумите предвидува глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Од забраната се изземени вработените во ЈП „Национални шуми“, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како и субјектите што вршат шумскостопански активности, ловочуварските служби и лицата кои поседуваат валидно писмено одобрение.

Контролата на спроведувањето на забраната ќе ја вршат службите на ЈП „Национални шуми“, Шумската полиција, МВР и Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Мерката се воведува поради зголемениот ризик од појава и ширење на пожари во летниот период, кога високите температури и сушата значително ја зголемуваат опасноста од опожарување на шумите.