УАПСЕН 50-ГОДИШНИК: Им нудел помош на граѓани на банкомат, па им крадел од парите!
Актуелно

УАПСЕН 50-ГОДИШНИК: Им нудел помош на граѓани на банкомат, па им крадел од парите!

04. 11. 2026.

Несекојдневен случај на кражба е регистриран во Куманово, каде 50-годишен маж бил уапсен откако бил фатен како краде пари од граѓани на банкомат.

Според информациите од полицијата, М.З. од селото Пчиња стоел пред банка на улицата „Иво Лола Рибар“ и им нудел помош на граѓаните при подигнување пари од банкомат.

Но, наместо да им помогне, тој ја искористувал нивната невнимателност и кришум земал дел од парите што ги подигнувале.

Мажот бил приведен вчера претпладне, а од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.