СТИГНУВААТ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Македонија ја очекуваат студени утра од викендот
Актуелно

СТИГНУВААТ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Македонија ја очекуваат студени утра од викендот

04. 11. 2026.

По периодот на променливо облачно време, Македонија се подготвува за значително заладување. Веќе од претстојниот викенд се очекуваат утрински температури под нулата на повеќе места низ земјава.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени. Во Скопје се очекува минимална температура од 7, а максимална до 11 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со променлива облачност. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла, а од петок облачноста постепено ќе се намалува.

Сепак, најстудено ќе биде за време на викендот, кога минималните температури на повеќе места во Македонија ќе се спуштат под нулата.