Просечната плата во февруари 43.053 денари
Актуелно

Просечната плата во февруари 43.053 денари

23. 04. 2025.

Во февруари е исплатена просечна нето-плата од 43.053 денари – за 9,6% повисока во споредба со минатогодишниот февруари. Ова е нето-износот, додека бруто-платата изнесува 64 634 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.6%.

Најголемо влијание врз зголемувањето на просечната плата имаа повисоките исплати во секторите: Недвижен имот за 16,6% проценти, Индустрија за 11,5 проценти и Образование за 11,4 проценти.

Од друга страна, споредено со јануари 2025, платата пораснала во следниве сектори:
▪️ Информации и комуникации, +4,0%
▪️ Недвижен имот, +3,9%
▪️ Преработувачка индустрија, +2,5%

Најниската просечна плата во февруари е исплатена во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а највисоката повторно ја има секторот Информации и комуникации.

Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно ТУКА (за компании.)