282 сообраќајни прекршоци за шест часа: Уапсени четири лица, одземени две возила
Актуелно

282 сообраќајни прекршоци за шест часа: Уапсени четири лица, одземени две возила

28. 10. 2026.

Во акциска контрола на територијата на целата држава, спроведена на 25 октомври од 12 до 18 часот, полицијата констатирала 282 сообраќајни прекршоци, уапсила четири лица и привремено одзела две возила.

Според МВР, од вкупниот број прекршоци, 231 се однесувале на возачите, а 51 на возилата. Евидентирани се 49 прекршоци за непрописно паркирање, 49 за некористење сигурносен појас, 14 од страна на возачи почетници и 10 за користење мобилен телефон при возење.

Дополнително, изречени се 19 мерки за технички неисправни возила и седум за управување со возило со истечена сообраќајна дозвола.

Четирите лица биле лишени од слобода, а двете возила одземени поради сомнение за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.