Продажбата на билетите се очекува да започне наскоро, а цените сè уште се усогласуваат со железничките компании од Унгарија и Австрија.
Според првичните информации, билетот до Будимпешта би чинел околу 35 евра, а до Виена околу 43 евра. Сепак, овие цени сè уште не се официјално потврдени.
Планирани се вкупно осум поаѓања дневно – шест кон Будимпешта и две кон Виена.
Конечните цени и деталите за возниот ред се очекува да бидат објавени пред почетокот на сообраќањето.
