Македонија со сопствено производство покрила 96,6% од потребите за струја во септември
Актуелно

Македонија со сопствено производство покрила 96,6% од потребите за струја во септември

26. 11. 2026.

Домашното производство на електрична енергија во септември покрило речиси 97% од вкупната бруто-домашна потрошувачка, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период во земјава биле произведени 433.669 мегават-часови електрична енергија, наспроти потрошени 448.847 мегават-часови.

Потрошувачката на природен гас изнесувала 15,494 милиони нормални кубни метри, на јаглен 170.079 тони, а на нафтени продукти 92.599 тони. Речиси целокупното количество потрошен јаглен (99,9%) било наменето за производство на електрична енергија.

На годишно ниво, потрошувачката на природен гас бележи пад од 22,6%, додека кај нафтените продукти намалувањето изнесува 2,8%.

Статистичките податоци покажуваат дека покриеноста на потрошувачката со домашно производство варира од месец во месец. Во август таа изнесувала 97,2%, а во јули 94,7%.