Наместо кариера пред компјутер, младите избираат книговезништво, обработка на метал, изработка на чамци, костими и други професии што бараат практични вештини, креативност и прецизност.
За растечкиот интерес сведочат и бројките. Лондонска компанија за уметничка обработка на метал добила повеќе од 160 пријави за само две места за практична обука, додека во Националниот театар во Лондон за едно место конкурирале дури 728 кандидати.
Истовремено, повторно се зголемува интересот за занаетите што се на работ на исчезнување. Според проценките, во Велика Британија останале помалку од 50 мајстори кои рачно поврзуваат книги.
Покрај загриженоста за иднината на канцелариските професии, младите ја истакнуваат и потребата од помалку време пред екраните, поголемо задоволство од работата и создавање нешто опипливо.
Во ерата на автоматизацијата, традиционалните занаети повторно добиваат на вредност, а човечката умешност, искуството и оригиналноста стануваат сè поважни предности на пазарот на трудот.
