140 денари им дава државата, а според инфлацијата треба да добиваат 172!
Актуелно

140 денари им дава државата, а според инфлацијата треба да добиваат 172!

05. 11. 2026.

Студентите во Македонија и натаму добиваат по 140 денари дневно за субвенциониран оброк, иако според пресметките засновани на инфлацијата, во 2027 година сумата би требало да достигне најмалку 172 денари.

Од платформата „Студентарија МК“ посочуваат дека актуелниот износ не е усогласен со законската одредба според која субвенцијата треба да се зголемува секоја година согласно инфлацијата. Според нив, зголемувањето од 120 на 140 денари во 2023 година не значи дека со таа сума е покриен растот на трошоците за живот во наредните години.

Покрај нискиот износ, студентите се соочуваат и со доцнење на исплатите поради ненавремено доставување списоци од факултетите или технички проблеми во системот на Министерството за образование.

За непочитувањето на законската одредба реагира и Либерално-демократската партија, која поднела тужба до Управниот суд против Министерството за образование, барајќи усогласување на исплатата со законот.

Дополнителна забелешка е што правото на субвенциониран оброк го имаат студентите на државните, но не и на приватните универзитети.