Шок во Скопје: непознати глутници се појавија преку ноќ, пронајдени кучиња од Албанија
Актуелно

Шок во Скопје: непознати глутници се појавија преку ноќ, пронајдени кучиња од Албанија

17. 01. 2026.

на терен биле пронајдени и кучиња со ушни маркици од Република Албанија, што отвора сериозни сомнежи за нелегален и можен прекуграничен транспорт и напуштање на животни.

Здружението за заштита на животните Анима Мунди бара итна и независна истрага поради појавата на нови, непознати глутници улични кучиња во Скопје, за кои постојат сомнежи дека се организирано донесени и дислоцирани.

Во општина Карпош биле забележани кучиња кои не припаѓаат на постојната улична популација. Дел од нив се нестерилизирани и необележани, а дополнително, на терен биле пронајдени и кучиња со ушни маркици од Република Албанија, што отвора сериозни сомнежи за нелегален и можен прекуграничен транспорт и напуштање на животни.

Од здружението посочуваат дека ЈП Лајка нема испуштено вакви животни, поради што се бара проверка на сите безбедносни камери, како и на влезно-излезните правци кон градот, со вклучување на МВР и Јавното обвинителство.

Анима Мунди предупредува дека масовното напуштање и дислоцирање кучиња претставува сериозна опасност, и бара строги санкции и системско решавање на проблемот.