Според најновите прогнози, деновитет ќе бидат под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе донесе облачност и врнежи со променлив интензитет. Во петок се очекуваат поизразени врнежи, локално проследени со грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината и ќе се движат:
• во Скопје од околу 10°C наутро до 22–23°C во текот на денот
• во останатите делови од Македонија максималните температури ќе достигнуваат од 17°C до 23°C
За време на викендот се очекува постепена стабилизација на времето, со повеќе сончеви периоди и намалување на врнежите. Недела ќе донесе претежно сончево и потопло време, додека почетокот на следната недела ќе биде стабилен со умерена облачност.
Извор:faktor.mk
