Првиот празник е 11 октомври – Денот на народното востание, кој се паѓа во недела. Поради тоа, неработен ќе биде и понеделник, 12 октомври, со што следува продолжен викенд од три дена.
Потоа следува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој годинава се паѓа во петок. И овој празник ќе овозможи продолжен викенд, бидејќи веднаш потоа следуваат сабота и недела.
Така, во октомври неработни ќе бидат 11, 12 и 23 октомври, а граѓаните ќе имаат можност за два продолжени викенда.
