Градот е обоен во розова боја, а природата е веќе разбудена. Најпрепознатливи се оние јапонски цреши на „Максим Горки“, како и во паркот „Авионче“ во скопски Аеродром.
Ова цутење можеби трае само две недели, но и тоа е доволно за да скопјани почувствуваат дека пролетта е тука.
Погледнете неколку фото-кадри од овој волшебен розев пејзаж насликан од совршените цветови на јапонските цреши.
