Скопје е розево, пролетта е тука - Фото кадри од магичните јапонски цреши
Актуелно

Скопје е розево, пролетта е тука - Фото кадри од магичните јапонски цреши

07. 04. 2025.

Расцветаа јапонските цреши на неколку локации низ Скопје, а жителите побрзаа да се фотографираат со преубавите гранки полни цвет.

Градот е обоен во розова боја, а природата е веќе разбудена. Најпрепознатливи се оние јапонски цреши на „Максим Горки“, како и во паркот „Авионче“ во скопски Аеродром. 

Ова цутење можеби трае само две недели, но и тоа е доволно за да скопјани почувствуваат дека пролетта е тука. 

Погледнете неколку фото-кадри од овој волшебен розев пејзаж насликан од совршените цветови на јапонските цреши. 

Извор: skopjeinfo.mk