Додека Македонија дебатира за продуктивноста, Словенија скрати работно време
Актуелно

Додека Македонија дебатира за продуктивноста, Словенија скрати работно време

17. 01. 2026.

Мерката е наменета за работници над 58 години или со најмалку 35 години стаж, и се применува по договор меѓу работникот и работодавачот.

Од 1 јануари 2026 година, Словенија го воведе моделот „80-90-100“, со кој дел од работниците работат 80% од полно работно време, примаат 90% од платата, а придонесите се плаќаат 100%, како за цело работно време.

Мерката е наменета за работници над 58 години или со најмалку 35 години стаж, и се применува по договор меѓу работникот и работодавачот. Овозможува пократка работна недела, продолжен викенд или скратено дневно работно време – без влијание врз идната пензија.

Словенија ја воведе оваа мерка со цел задржување на искусните работници, подобар баланс меѓу работата и приватниот живот и намалување на боледувањата, оценувајќи дека инвестицијата во луѓето носи долгорочна стабилност.

Во исто време, во Македонија и натаму се води дебата дали повисоките плати треба да зависат исклучиво од продуктивноста, додека дел од работниците сè почесто бараат подобри услови надвор од земјата. Тренд кој јасно покажува дека условите за работа стануваат клучен фактор за задржување на кадарот.