Со воведувањето на ЕЕС системот, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена” со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.
МВР информира дека македонската Гранична полиција ги презема сите потребни мерки и активности, со цел да обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.
