Шамани истакна дека многу родители во Индија сметаат дека нивна должност е сè да зачуваат за своите деца, наместо да го донираат, па го праша Гејтс што мисли за тоа.
„Секој нека одлучи за себе. Што се однесува до мене, моите деца добија образование и одличен воспит, но ќе добијат помалку од еден процент од моето богатство. Ова не е династија. Не очекувам од нив да го водат Microsoft“, рече тој.
Според Forbes, нето вредноста на неговото богатство изнесува 101,2 милијарди долари, што значи дека неговите деца ќе наследат повеќе од милијарда долари, според моменталната вредност.
Тој додаде дека сака да им даде можност самите да ја остварат својата заработка и успех. Смета дека лицата кои се збогатиле во технолошкиот сектор треба поголем дел од парите да ги искористат за хуманитарни цели.
Со поранешната сопруга Мелинда, Гејтс во 2000 година ја основа фондацијата Bill and Melinda Gates Foundation. Примарните цели на оваа фондација се подобрување на здравствената заштита и намалување на сиромаштијата низ светот.
