Ова признание претставува потврда за посветеноста на ,,Аџибадем Систина” во областа на човечките ресурси и постојаното унапредување на условите за работа, со фокус на создавање средина каде што секој вработен е ценет, поддржан и мотивиран.
Во име на „Аџибадем Систина“, наградата ја прими Марија Капетановска, директор за човечки ресурси.
.jpg)
.jpg)
Веќе 15 години, „Аџибадем Систина“ поставува нови стандарди во здравствената грижа, предводејќи со врвни медицински тимови, најсовремена опрема и пионерски интервенции, како во Македонија, така и во регионот.
Благодарение на континуираната стручност, иновации и грижа за пациентите, „Аџибадем Систина“ останува прв избор за здравствена заштита за пациентите од земјата и регионот.
.jpg)
