Општина Центар со зголемена поддршка: 10.000 денари за новороденче и повисока помош за пензионерите
Актуелно

Општина Центар со зголемена поддршка: 10.000 денари за новороденче и повисока помош за пензионерите

17. 01. 2026.

Еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања се зголемува од 2.500 на 5.000 денари,

Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и пензионерите, преку нов пакет социјални мерки.

Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. Мерката е наменета за сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар, со цел континуирана поддршка за семејствата со новородени деца.

Покрај директната финансиска помош, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца, што претставува основа за следење на демографските движења и поефикасно планирање на капацитетите во детските градинки.

Во таа насока, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.

Во рамки на социјалните мерки, еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања се зголемува од 2.500 на 5.000 денари, а во тек се и подготовки за изградба на дом за стари лица на територијата на Општина Центар.