Поради огромната побарувачка за AI сервери, производителите на чипови им даваат приоритет на технолошките гиганти, оставајќи ги автомобилските компании во тешка позиција.
Вештачката интелигенција им краде ресурси на фабриките
Најголем удар врз електричните и луксузните возила
Најранливи во оваа ситуација се премиум брендовите и производителите на електрични возила, вклучувајќи ги Tesla и Rivian. Модерните автомобили се повеќе се дефинираат од софтвер, а нивната архитектура се потпира на таканаречената SoC технологија која ги обединува сите функции на возилата на еден чип. Овие системи не можат да работат без DRAM меморија, што значи дека производителите може да бидат принудени да отстранат одредени напредни функции од новите модели за да продолжат со производството.
Милијарди долари дополнителни трошоци за гигантите
Водечките американски производители веќе го чувствуваат финансискиот притисок. General Motors (GM) очекува повисоките цени на материјалите и чиповите да ги зголемат трошоците за повеќе од 1 милијарда долари само оваа година. Слична е ситуацијата и кај Форд, каде што предвидуваат дополнителни трошоци од околу една милијарда долари во 2026 година. Иако компаниите тврдат дека засега имаат доволно залихи, тие признаваат дека притисокот врз цените е огромен и дека ситуацијата активно се следи секој ден.
Доминација на азиските добавувачи и неизвесност
Три клучни добавувачи контролираат повеќе од 90 проценти од светското производство на оваа меморија. Тоа се јужнокорејските Samsung и SK Hynix, како и американскиот Micron. Јужнокорејскиот SK Hynix веќе објави дека целото негово производство за 2026 година е распродадено, феномен што го нарекуваат „суперциклус“. За автомобилската индустрија ова значи само едно: ако сакаат чипови, ќе мора да платат многу повеќе за нив отколку порано, што на крајот ќе влијае на конечната цена на возилото во салоните.
Извор:denar.mk
