Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава
Просечната плата за програмерите за март 2026 година изнесувала 1.873 евра или просечни 115 557 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 84 003 денари нето плата.
Следуваат вработените во “Останати стручни, научни и технички дејности” со 83 149 денари, па вработените во “Складирање и помошни дејности во превозот” со 75 976 денари и последни од топ пет се вработените во “Телекомуникации” со 74 860 денари нето плата.
На другата страна пак од скалилото, топ пет најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања.
Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во ноември добиле во просек по 27 329 денари. Следуваат вработените во секторот “Производство на кожа и слични производи од кожа” со 30 183 денари, па тие во Вадење на јаглен и лигнит со 30 221 денари.
