Во Вонредна ОДГОВОРНИ: Да им кажеме благодарам на сите херои кои стојат позади воланот за време на криза

Во Вонредна ОДГОВОРНИ: Да им кажеме благодарам на сите херои кои стојат позади воланот за време на криза

03. 04. 2020.

Заедно со медицинските работници, тие се нашите херои во овие кризни времиња бидејќи се грижат храната и другите средства кои во моментов ни се неопходни да се најдат на рафтовите на маркетите и продавниците.

Да се биде возач во време на корона е вистински предизвик. Да се поминат 3, 4 или повеќе држави само за да се обезбедат сите неопходни средства кои секојдневно ги гледаме на рафтовите во маркетите и продавниците не е воопшто лесна работа.

Особено не сега кога повеќето граници се затворени, а протокот на продукти тече благодарение на дистрибутерите и возачите.

Барате работа како Возач? Аплицирајте на овие огласи:

Возач со Б категорија - НИМЕКС ДОО
Возачи - 
Друштво за мегународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО Скопје
Возач / Дистрибутер - ФУД БАР ДОО
Возач на камион со E - категорија - МАКОШПЕД ТРАНС ДООЕЛ

Затоа, вреди да ги пофалиме и поддржиме овие наши херои кои со својата пожртвуваност и посветеност ни покажуваат какви треба сите да бидеме во една ваква ситуација – во вонредна одговорни!

Во групата СИТЕ МАКЕДОНСКИ ШОФЕРИ НА КАМИОНИ ВО СВЕТОТ започна иницијатива лично од луѓето кои возат камиони да се објават слики од возачите и камионите кои тие ги возат со цел да се преплави Facebook со позитивни коментари за оиее луѓе кои индиректно не обезбедуваат сите нас.

Vrabotuvanje.com ја поддржува оваа иницијатива!
#ВоВонреднаОДГОВОРНИ