Влегување само со маска, 2 метри растојание и забрането послужување на пијалоци: Еве ги новите правила за влез во обложувалница

Влегување само со маска, 2 метри растојание и забрането послужување на пијалоци: Еве ги новите правила за влез во обложувалница

13. 05. 2020.

Спортскиоте обложувалници и другите уплатно – исплатни места од денес (13.05) можат да започнат со работа, но задолжително почитувајќи го протоколот за отворање и работа изготвен од страна на Комисијата за заразни болести.

Протоколот за отворање и работа на уплатно – исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница се состои од 10 точки:

  1. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места.
  2. Одржување на физичко растојание од 2м помеѓу присутните играчи во просторијата
  3. Влез со маски за сите играчи
  4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња
  5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2м со играчот кој следен чека за уплата
  6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата
  7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци
  8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
  9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
  10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства