Честит Меѓународен ден на медицинските сестри - Денеска и секој ден ви благодариме за вашата несебична пожртвуваност!

Честит Меѓународен ден на медицинските сестри - Денеска и секој ден ви благодариме за вашата несебична пожртвуваност!

12. 05. 2021.

Честит Меѓународен ден на медицинските сестри

Здравстените работници денеска го одбележуваат Светскиот ден медицинските сестри (12. мај). Денеска и секој ден ви благодариме за вашата несебична пожртвуваност.
 
Денот на медицинските сестри се слави во чест на Флоренс Најтингел, која е родена на денешен ден пред 200 години (12 мај 1820). Флоренс Најтингел е позната англиска медицинска сестра, социјална реформаторка, писателка и статистичарка.
 
Во својата работа како предводничка на денешната професија медицинска сестра се истакнала за време на Кримската војна, каде што се грижела за ранетите војници. Поради неа оваа професија доби висок углед и Најтингел стана икона. Била нарекувана Госпоѓата со ламбата, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.
 
Отсекогаш сме биле свесни за важноста на оваа благородна професија, а откако се соочивме со пандемијата на Ковид 19, во прво лице се уверивме во тоа колку медицинскиот персонал е од круцијално значење за секој поединец и за целото општество.
 
Од се срце ви благодариме за вашата пожртвуваност, за секој спасен живот, за секоја непроспиена ноќ, за секој охрабрувачки збор кој им го давате на пациентите. ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ!