Во сабота (23.04.2022 год), недела (24.04.2022 год) и понеделник (25.04.2022 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.
РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ
Утре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.
РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА
Жичарницата утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.
РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ НА ЛИНИИТЕ ДО СРЕДНО ВОДНО
Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник нема да сообраќат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред.
