Комисијата за барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња повторно распишува КОНКУРС!

Комисијата за барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња повторно распишува КОНКУРС!

02. 06. 2022.

Град Скопје повторено објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.

Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:

–  1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози

–  2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

Рокот за пријавување е до 11.06.2022 година.

На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25.000,00 денари, во нето износ.

Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот

https://skopje.gov.mk/media/8731/javen-povik-z-clenovi-na-komisija-za-obestetuvanje-na-kasnati-od-kucinja.pdf