Новата легислатива во Германија ги обврзува германските компании на одговорно и етичко однесување во нивниот синџир на добавувачи/снабдувачи меѓу кои се и наши компании, пред сѐ од текстилната, метало - и електропреработувачката индустрија.
Идејата е сите брендови кои набавуваат од добавувачи во Македонија и во други земји да имаат споделена одговорност и да ја преземат одговорноста за условите да бидат на ниво и стандарди кои се универзално прифатени во Европа и светот.
Македонски работници од текстилната индустрија работат и за пазарите на други европски земји, но Германија е прва која донесе ваков закон. Таа посочи дека Франција и скандинавските земји имаат рамки кои не се јасно дефинирани во однос на постојните универзални декларации за човекови права.
Германските компании сега се пред нови предизвици и нова законска одговорност. Во прва линија на законот се работничките и човековите права односно одговорноста кон овие права која треба да биде испочитувана. Законот наметнува една нова шанса меѓу работникот и работадавачот. Исто така, се воведува и механизам со кој компаниите купувачи ќе бидат известувани за тоа колку се спроведуваат работничките и човековите права во компаниите добавувачи односно производители. На македонскиот и на пазарите во регионот правата се почитуваат и работниците имаат добри услови за работа, истакнаа експертите кои се занимаваат со оваа проблематика.
извор: opserver.mk

.jpg)