Ќе имаме ли зимско сметање на времето? – една работа мора да знаете доколку не се случи промената на часовникот следниот викенд

Ќе имаме ли зимско сметање на времето? – една работа мора да знаете доколку не се случи промената на часовникот следниот викенд

23. 10. 2022.

Зимското сметање на времето по правило треба да се врати во недела на 30 октомври. Доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Неодамна Владата излезе со информација дека поради кризата со енергија, а во однос на на нејзина заштеда, можно е зимава да останеме во летен режим на сметање на времето, со оглед на тоа дека останаа уште само две недели до промената.

Toa значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.

Зимското сметање на времето подразбира враќање на стрелките на часовникот за еден час назад. Ако останеме во летно сметање на времето ќе имаме 1 час подолг ден, но будењето наутро ќе биде во мрак за оние кои порано одат на работа.

извор: skopje24.com.mk